Остарената германска канцеларка која изморено се бори за четврти мандат, се покажа во сенката на енергичниот Французин токму во овој момент, кога Европската унија се соочува со особена потреба од силен лидер. Кој ќе биде тој?

Новиот херој на многумина убедени поддржувачи на Европската унија  е претседателот на Франција Емануел Макрон. А сојузниот канцелар Ангела Меркел како резултат на политичката криза во Германија се покажа во сенката на младиот Французин. Додека Макрон решително зборуваше на декемвриските самит на ЕУ во Брисел за потребата од решавање на проблемите на ЕУ, Меркел, без политичка поддршка во Берлин, се држеше исклучително воздржано. Во нејзината моментална позиција како вршител на должноста канцелар, таа дури не можеше да си дозволи да го следи импулсот на францускиот лидер. Единствено што вети канцеларката беше да одговори не подоцна од јуни 2018 година на предлозите на Макрон и Еврокомисијата за реформирањето на ЕУ. „Ако Франција и Германија немаат заеднички став, Европа не може да оди напред“, како и претходно убедена е Меркел.

По победата, освоена во мај на претседателските избори во Франција, Макрон започна активно да спроведува реформи и да го отелотворува нови идеи – како во татковината, така и на меѓународната сцена. Во својот програмски говор само два дена по изборите во Германија, кога Меркел ја собираше својата голема коалиција, најмладиот во историјата француски претседател инспирирано повика на преродба на ЕУ „, обновувањето на суверена, обединета и демократска Европа“. Заедничка армија, заедничка финансиска политика, еден министер за финансии на постојано проширувачката еврозона – сето тоа со бидеме непресушен ентузијазам Макрон ќе продолжи да го спроведува и во 2018 година

Кој ќе го следи Macron?

Не секој ќе го следи. Во Централна Европа се формира отпор: Вишеградската четворка / Полска, Чешка, Словачка и Унгарија / не сака да ја слуша макроновската мантра за „уште повеќе Европа“. Лидерот на конзервативната Австриска народна партија / АНП / и актуелен канцелар Себастијан Курц кој, впрочем е помлад и од Макрон, се објавува против мотото „уште повеќе Европа“, но за „подобра Европа“. Тој може да ги забави реформите на ЕУ во 2018 година. Приврзаникот на слободниот пазар, холандскиот премиер Марк Рјуте, реизбран во 2017 година, не верува дека предлозите на францускиот претседател се убедливи. Како и Меркел, тој ги смета француските декларации за премногу амбициозни и го отфрла концептот на заеднички министер за финансии на ЕУ.

Емануел Макрон создаде сосема ново политичко движење во Франција и успеа да ја победи десницата од Националниот фронт едвај на вториот круг од претседателските избори. Впрочем, основи за еуфорија нема: „35% од Французите гласаа за десната радикална партија“, потсетува министерот за надворешни работи на Германија Зигмар Габриел. Иако е убеден дека Макрон со неговите идеи е единствена шанса за Франција и Европа.

Во Италија реформаторските предлози на францускиот претседател беа пречекани со одобрување и тоа може да стане дополнителен проблем за ЕУ, бидејќи колосалниот долг на Италијанците едвај ќе се намали во 2018 година Ниту една од политичките сили во Италија не нуди на претстојните парламентарни избори програма за штедење или реформи. Спротивно на тоа, владиното трошење ќе расте. И популистичкото движење „Пет ѕвездички“, кое води на рејтинзите, им предлага на Италијанците да ја напуштат еврозоната.

Најболното прашање на кое Макрон не ги открива картите

Несогласувањата меѓу земјите-членки на ЕУ за распределбата на мигрантите никогаш не беа надминати. Минатата година земјите од Вишеградската група одбија да прифатат мигранти според квотите на ЕУ за нивна праведна распределба и покрај соодветниот декрет на Европскиот суд. Неисполнувањето на овој декрет го поткопува самиот темел на Унијата, бидејќи ја става под прашање подготвеноста на членките на ЕУ да го почитуваат општиот закон. Ова е невиден бунт. Не средбата во декември, Меркел ги повика да размислат, но никој не ја поддржа. Мнозинството од членките на ЕУ едноставно се надеваат дека на некој начин ќе се согласат за ова прашање. Дури и претседателот на еврозоната Доналд Туск ги критикува задолжителните квоти, нарекувајќи ги крајно контрадикторни и неефективни мерки.

Овој спор треба да се реши до јуни 2018 година, а вистинското искушение ќе започне заедно со дискусијата за буџетот на ЕУ за периодот од 2020 до 2027 година Сега Полска и Унгарија добиваат значителни парични потоци од заедничкиот европски буџет и Меркел како најголем вносител во овој буџет би можела да ги казни овие држави поради непочитувањето на законот. Но, дали ќе има доволно моќ и сојузници да го направи тоа? Емануел Макрон, нарекувајќи ја Меркел „добар пријател“ и претходно не ги открива своите карти за ова прашање.

Ќе успееме ли повторно да ја направиме ЕУ?

Во Унијата Макрон е сакан не само поради неговата динамичност и подготвеност за спроведување на реформи, но и поради тоа што тој ја презел поголем дел од надворешнополитичките преговори.Тој дури успеа да изгради однос со американскиот претседател Доналд Трамп, впечатлувајќи го со раскошната ексурзија во Париз.

Покрај тоа, кога Трамп се објави за излегување од Паризкиот договор за климата, францускиот претседател им понуди на американските научници засолниште. Макрон рече дека за прашањата на глобалното затоплување не треба да се поставува „Америка над сè“  и го прафразира изборниот слоган на Трамп „Да ја направиме нашата планета повторно голема“.

Во исто време, младиот претседател е совршено свесен дека без Берлин дури е невозможно да се сонува за такви височини. „За да постигнеме напредок, потребна ни е силна и стабилна Германија“, рече Макрон. И, со уморен изглед, Меркел рече: „Сè што можам да кажам е дека го сакам истото. А кој сака, тој ќе постигне, како што велат во Германија. „


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO