Кина ќе стане светски лидер по обем на БДП во долари, надминувајќи ги САД во 2032 година. Ова се вели во студијата на Лондонскиот Центар за проучување на економијата и бизнисот (CEBR).

Меѓу четирите најголеми светски економии, исто така, ќе бидат Индија и Јапонија. Ова е уште едно сведочење за постојано растечкиот економски потенцијал на Азија. Првата десетка на лидерите по обем на БДП во 2032 ќе изгледа на следниов начин: Кина, САД, Индија, Јапонија, Германија, Бразил, Велика Британија, Јужна Кореја, Франција и Индонезија.

Експертите на CEBR предвидуваат дека уште во 2018 година, Индија ќе ги надмине Велика Британија и Франција, заземајќи го петтото местопо обем на БДП во долари. Во 2027 година, Индија ќе ја измести Германија од третото место.

Следната година, првите десет по обемот на БДП ќе бидат: САД, Кина, Јапонија, Германија, Индија, Франција, Велика Британија, Бразил, Италија и Канада. Но, во 2027 година, Италија ќе биде надвор од првите десет, а место неа на деветото место ќе влезе уште една азиска државаа – Јужна Кореја.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO