Косовскиот политиколог Блерим  Гашани даде ексклузивно интервју  за ТАТКОВИНА. Интервјуто со г-дин Блерим Гашани  го направи д-р Антон Панчев, а истото во продолжение во целост ви го презентираме.

1) Г-дин Гашани, на 19-ти ноември во Косово се спроведе вториот круг на локалните избори. Има ли јасен победник на овие избори?

На последните локални избори, Унијата за иднина на Косово може да се смета за победничка партија, ако се земе во предвид дека освои еден голем дел од општините. Но, Демократската унија на Косово ја доби довербата на најголемиот број гласачи (некаде над 220.000). Јасно е дека Демократската партија на Косово, претрпе неуспеах на овие избори, влошувајќи го својот пад, како во број на гласачи, така и во бројот и важноста на општините со кои управува.

2) Може ли да повлијаат резултатите од локалните избори врз стабилноста на владата?

Не е задолжително. Се чини дека постои поделба помеѓу политичката конкуренција на локално ниво и на национално. Често на локално ниво наоѓаме целосно различни сојузи од оние на централно ниво – најмалку досега и, во најмала рака, се уште нема никаков знак во таа насока – не влијаело врз централната власт. И покрај тоаа, во оваа точка може да се каже дека оваа коалиција на Владата на Косово е толку кревка, толку распрсната, разгранета и фрагментирана, што нема потреба од некакво потенцијално недоразбирање, за да колапсира.

3) Во последните неколку недели има многу собитија околу Движењето за Самоопределување. Прво апсењето на неколку пратеници од оваа партија, а сега внатрешни скандали. Заплашено ли е ова дГашани вижење од расцепување?

Создадено како такво и сеуште без да се здобило со голема кауза, Движењето за Самоопределување е левичарска партија која го поддржува својот ритам произведувајќи мини каузи, инциденти, протести, немири и други популистички случки, со кои ја одржува и зголемува својата енергија, ја обврзува членската маса, привлекува поддржувачи и друг електорат и, што е најважно за ваква партија, го задржува раководството на партијата во постојана тревога. Затоа, „последните скандали“ се поредните оркестрации, овој пат (божем) транспарентни, кои ќе му послужат на радикалното марксистичко крило за чистка против секаков вид либерализам и, особено, како чистка против некои либерали од раководството на партијата. Со други зборови, целиот овој шум е оркестрација – целосно анахронична – за „откривање и удар на внатрешниот непријател“. Тајните удари се извршуваат додека ударите (божемно) транспарентни се амортизираат, така како што е планирано.

4) Во последниве години, многу се зборува за демаркација на границата со Црна Гора. Го нарушува ли Косово договорот за демаркација на границата и дали може да се ратификува од парламентот по новиот извештај на Комисијата?

Прво,неодамна  стариот договор беше испратен до Парламентот без да се вклучат делови од извештајот на Комисијата Буличи. Второ, иако ова прашање е целосно техничко, може да се каже нешто од здравата логика и познавањето на околностите, меѓу другото, на историските. Во врска со демаркацијата (всушност, делимитацијата), имаше само фалшиви каузи со јасни политички цели. Ако искористиме метафора:пријавена е  една кражба, но сторителот на делото никогаш не бил пронајден (ниту дури обвинет). И, чудно, жртвата вели дека изгубила „неколку илјади декари“, но кога жртвата се распраша, таа вели дека има исто количество хектари, како пред наводната кражба. Со еден збор, шум за ништо. Всушност, за две работи: политички придобивки и изолација на Косоварите.

5) Што мислите ќе се создаде ли следната година Асоцијацијата на српски општини и какви овластувања ќе има?

Во политиката, како што знаете, секогаш постојат елементи на пазар (трансакција). И покрај тоа, оваа техника во Косово е сфатена доста сериозно. Така што, да, очекувам следната година да се создаде Асоцијацијата … особено кога знам дека ќе се разговара за некои големи теми, таму каде што српската заедница и нивните партии во владата, ќе имаат можност да поставуваат услови со различни пазарења. Во врска со овластувањата кои ќе ги има, договорот за Асоцијацијата е еден бел лист, двоинствен, подготвен за да се напише на него којзнае што. Со еден збор, овластувањата ќе бидат во согласност со претставувањето на косовските институции на меѓудржавните пазари, исто така.

6) Има ли веројатност Специјалниот суд да започне со работа во првите месеци од следната година и да го дестабилизира Косово заради апсењата?

Во врска со првиот дел од прашањето, да, сега Специјалниот суд е подготвен да започне со работа. И покрај тоа, неговите удари – колку и да се сериозни – нема да ја дестабилизираат земјата. Тоа го велам, имајќи ја во предвид континуираната подготвеност на Албанците во Косово да одговорат на правдата, како на националното, така и на меѓународното правосудство. Ова не значи дека Албанците немаат резерви за овој суд, особено поради можните обвинувања за неговиот моноетничен карактер.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO