Таткото на Нејмар се сретнал со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез и двајцата разговарале за евентуалниот трансфер на бразилската суперѕвезда во „кралскиот клуб“, тврди Diario Gol. Според публикацијата, средбата се одржала во ресторан во Мадрид.

Се претпоставува дека трансферот може да се случи во 2019 година, но самиот играч се надева дека ова може да се случи и порано.

Таткото на Нејмар го уверил Перес дека ќе направи максимален притисок на претседателот на ПСЖ, за да го убеди да му овозможи на неговиот син да премине во Реал уште во текот на летото на 2018 година За остварување на целта Реал е подготвен да потроши 250 милиони евра. Напаѓачот стана фудбалер на ПСЖ ова лето,от како Французите ја активираа откупната клаузула во неговиот договор со Барселона на вредност од 222 милиони евра. 25-годишниот Јужноамериканец постигна 17 гола во 19 натпревари оваа сезона.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO