Напаѓачот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо ја коментираше изјавата на тренерот на Гремио Ренато Гаучо, кој пред дуелот за титулата на Светскиот клупски шампионат објави дека како фудбалер бил подобар од Португалецот.

Роналдо синоќа обезбеди втора последователна победа за Реал на турнирот, постигнувајќи го единствениот гол за победата со 1: 0 во Абу Даби.

„Тоа не заслужува одговор. Цифрите зборуваат точно. Најдобриот одговор е едноставно да се насмеам. Ако тој е на тоа мислење, што можам да му кажам? Кога слушнав за тоа, ми стана љубопитно да дознаам за неговата кариера и можам да кажам дека имал добра кариера „, рече Роналдо. Ренато Гаучио играше од 1982 до 1999 во разни бразилски клубови. Во Европа тој една сезона го носеше дресот на Рома. Има 44 натпревари и 5 гола за националниот тим на Бразил. Роналдо неодамна предизвика полемика во фудбалскиот свет, откако објави дека е најдобар играч во целата историја.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO