Меѓу 40 и 80 илјади луѓе, облечени во бело, се собраа на демонстрации во центарот на индонезиската престолнина Џакарта, за да протестираат против одлуката на претседателот на САД Доналд Трамп за статусот на Ерусалим, соопшти в. „Стрејт тајмс“.

Толпата се собра дп кулата на споменикот на независноста, во близина на која се наоѓа Американската амбасада. Во неделата крај амбасадата веќе имаше неколку протести организирани од индонезискиот совет на улемите (богослови) и други муслимански структури.

На демонстрациите присуствуваше министерот за верски прашања и гувернерот на Џакарта.

Минатата недела американскиот државен глава Доналд Трамп објави дека го признава Ерусалим за главен град на Израел и потпиша документ за преместување во Ерусалим на амбасадата на САД во Израел.

Одлуката на Трамп беше поздравена од Израел, но предизвика негативни реакции кај многу земји, особено на Блискиот Исток и Палестина.

Советот за безбедност на ОН разгледува нацрт-резолуција во која се наведува дека секоја промена на статусот на Ерусалим нема правна вредност и треба да се укине.

Статусот на Ерусалим – свето место за христијаните, муслиманите и Евреите – е деликатен аспект на израелско-палестинскиот конфликт.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO