Крилото на Кливленд Кавалиерс Леброн Џејмс го реализираше својот 60-ти трипл-дабл во својата кариера. Кливленд го победи Јута Џез со 109: 100 како гостин, а Леброн заврши со 29 поени, 11 скока и 10 асистенции.

На овој начин, 32-годишниот кошаркар го надмина Лари Бирд (59) и стана шести во историјата на лигата според овој индикатор. Пред Леброн се само Уилт Чембрлен (78), Расел Вестбрук (89), Џејсон Кид (107), Меџик Џонсон (138) и Оскар Робертсон (181).

Хјустон Рокетс победи во натпреварот на домашен терен против Милвоки Бакс со 115: 111, а најуспешен беше Џејмс Харден со 31 поени. Јанис Адетокумбо постигна 28 поени за ʺеленитеʺ. За лидерот во Западната конференција ова е 13-та последователна победа.

Њујорк Никс се наложи над Оклахома Сити Тендер со 111: 96 на свој терен. „Громовите“ ја освоија првата четвртина со 26:23, но домаќините беа подобри во другите три – 27:18, 30:29 и 31:23. Новото засилување Мајкл Бијзли реализираше 30 поени за домаќините, а Расел Вестбрук – 25 за гостите.

Во други дуели од НБА Мемфис Гризлис загуби од Бостон Селтикс со 93: 102, Мајами Хит го совлада Лос Анџелес Клиперс со 90:85, а Минесота Тимбервулвс отстапи пред Феникс Санс со 106: 108.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO