Создавањето на Бугарско-македонскиот бизнис клуб има за цел да ги помогне врските на компаниите од двете земји. На овој начин притисокот што постои врз Бугарите во нашата земја ќе се промени и исчезне.

Ова го изјави претседателот на Бугарскиот културен клуб во Скопје Лазар Младенов за БГНЕС, по повод формирањето на новата бизнис-организација на чија промоција во македонската престолнина присуствуваше и бугарскиот потпретседател Илијана Јотова. Според Младенов по доаѓањето на новата власт во Република Македонија пред 6 месеци „во општеството се чувствува демократратизација за која и членовите на нивниот клуб се бореле и учествувале во протестите организирани од тогашната опозиција во 2015-та година“.

„Ние не сме само романтичниот дел од бугарската историја. Тоа го велат политичарите. Ние сакаме да бидат создадени услови за зближување меѓу двете земји, вклучително и во бизнисот – со еден збор да има целосна нормализација на нашите билатерални односи, како што тоа се случува и со другите соседни земји „, рече Лазар Младенов.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO