Што се однесува до Македонија, она што Бугарија треба да го направи е да биде лидер на Балканот, да дава решение и да го стимулира развојот, а не да врши притисок. Тоа го коментира експертот за меѓународна безбедност и идентичност Андреј Врабчев за Bloomberg TV Bulgaria .

„Бидејќи, во секој случај, лошите односи на Балканот се едно од оружјата на анти-европски настроените држави. Јас сум за добри односи на Балканот и да ги закопаме томахавките, се разбира, за тоа ќе треба да има признанија и некаков катарзис од многу земји „.

Што се однесува до Бугарско-македонскиот бизнис клуб, Врапчев истакна дека тоа е иницијатива на Бугарскиот културен клуб Скопје (БККС).

„БККС ги проширува своите активности во оваа сфера, на некој начин тоа претставува трговска комора и ќе доставува услуги на бизнисот на двете земји со консултации за сврзување, користејќи го влијанието кое БККС го има во македонското општество но и во бугарското. Ова е многу добро прифатена организација и на владино ниво „.

Според експертот, Македонија како регион со своите три дела – Егејска, Пиринска и Вардарска Македонија – не може да дејствува добро ако не е поврзана.

„И врската меѓу Пиринска и Вардарска Македонија во голема мера ќе ја подобри ситуацијата и од двете земји, бидејќи овој регион не функционира правилно. Се разбира, двете земји имаат интерес за бизнис. “

Тој, исто така, рече дека Бугарија е многу поголем пазар од Македонија, но смета дека и Македонија не е лош партнер.

„Во областа на туризмот, Македонија е можеби втора земја по Грција“.

Луѓето од БККС, кои се двигатели на многу нешта, исто така ја прошируваат и оваа дејност, додаде тој.

„Всушност, тие ќе бидат структурата која создава услови тоа да врви, а за мене е радостно што по договорот, не владите, не некакви тешки структури, а приватната иницијатива, толку брзо реагира на создадените услови“.

Целото интервjу со Андреj Врабчев за Bloomberg TV Bulgaria може да го погледнете тука.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO