Тренерот на Пари Сен Жермен Унаи Емери го пофали Нејмар за неговата  одличната игра на вчерашниот натпревар против Рен (4: 1). Бразилецот постигна два гола и асистираше за другите два на парижаните на средбата.

„Се разбира, кога Нејмар зема такви одлуки на теренот, тоа е добро и за тимот, и за сите кои го сакаат фудбалот. Тој го демонстрираше целиот свој талент и беше многу добар од гледна точка на тактиката, како и ни помагаше да влегуваме во казнетото поле на противникот. Филозофијата на ПСЖ – тоа е нападот. Кога трчаме, способни сме да ја правиме разликата „, истакна Емери. Вчера се појавија информации дека неговата иднина зависи од претстојните натпревари со Реал Мадрид од Лигата на Шампионите и ако ПСЖ не го помине 1/8 финалето, Емери ќе биде отпуштен уште во март и тој знае за тоа.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO