Многу е важно да се заборават противречностите од минатото и балканските земји да се обединат и да бидат дел од Европската унија.

Ова го изјави за новинската агенција БГНЕС градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис во одговор на прашањето дали ја поддржува интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ.

Запрашан дали го дели оптимизмот во однос на решавањето на прашањето за спорот за името меѓу властите во Атина и Скопје Бутарис појасни дека при неговата последна посета на Скопје и разговорите што ги имал со претставниците на власта дека „смета дека тоа толку тешка и мачна противречност од минатите години е минато „.“ Работите се зрели и би можело да се дојде до решение „, смета градоначалникот на градот Солун.

„Како што не информираше премиерот Зоран Заев за Нова Година ќе дојде да помине тука во Солун, неофицијално. Тој доаѓа на моја лична посета, но би му му помогнал со што можам „, рече градоначалникот на Солун.

По речиси тригодишен застој во преговорите меѓу Република Македонија и Грција во почетокот на оваа недела во Брисел се одржа првата средба меѓу делегациите на двете земји. Во неа учествуваше и меѓународниот посредник Метју Нимиц.

Денес Бутарис го прими заменик-претседателот на Република Бугарија Илиана Јотова во Градското собрание во Солун.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO