Почитувањето на меѓународното право и територијалната целост од страна на Турција е предуслов за стабилни двострани односи помеѓу Грција и Турција.

Ова го изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас на средбата со турскиот претседател Реџеп Ердоган, кој пристигна на дводневен престој во Атина, соопшти грчкиот вестник „Екатимерини“. Од своја страна Ердоган изјави дека земјата нема територијални претензии кон никого од своите соседи, но постави прашање за преразгледување на Лозанскиот договор од 1923 година.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO