Западен Балкан никогаш не бил во поповолна позицијата за зајакнување на заедничкиот процес за интеграција во ЕУ. Ова го изјави претседателот на Косово Хашим Тачи во Софија.

Ако се има во предвид се што се случува на Балканот и со сите тешки пречки, кои ги среќаваме, факт е, дека Западен Балкан никогаш не биле во поповолна положба за зајакнување на заедничкиот процес на интеграција во ЕУ. Ова ќе помогне на нашата заедничка стабилност, додаде Тачи и нагласи, дека сите заедно треба инвестираат во секој заеднички проект. Тачи кажа уште, дека Косово ќе направи се што е можно да има побрза интеграција кон ЕУ.

Во последно време Косово навистина работи за својата инфраструктура, поврзувајќи ја со останатите држави од Балканот, особено со Македонија. Сакам да нагласам, дека и поврзувањето со останатите држави од Балканскиот Полуостров е многу важно за нас, изјави Хашим Тачи.

Сакам да им кажам на сите влади од Балканот, дека нашите буџети треба да се насочени така, за приоритет да се има една општа интеграција на земјите од Западен Балкан, дополни Тачи.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO