Поранешниот советник на Белата куќа Мајкл Флин испратил порака за време на инаугуративниот говор на претседателот Доналд Трамп во која наведува дека е добро да се прифати планираниот проект за нуклеарна централа со Русија што ќе бара тргање на американските санкции.

Според Камингс, оваа порака ја потврдува загриженоста дека Флин имал намера да го поддржи проектот додека бил на функцијата советник за национална безбедност во Белата куќа. Флин во минатата недела призна дека лажно сведочел за контактите со руски претставници за време на претседателската кампања на Трамп.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO