Амбасадите на САД на Блискиот Исток и во Европа ги предупредија своите граѓани кои патуваат или живеат на тие простори на можност од насилни протести откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека го признава Ерусалим како главен град на Израел.

Одлуката на Трамп беше осудена од земјите на Блискиот Исток со оценка дека таа ќе отвори пат за нови тензии и конфликти. Трамп вчера објави и тоа дека му наложил на Стејт департментот да почне подготовки за преселба на амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO