Претседателот на германската Социјалдемократска партија (СДП), Мартин Шулц, потенцијалниот управувачки партнер на канцеларот Ангела Меркел, повика да се создадат „Соединети европски држави“ до 2025 г.

Тој изрази желба за пообединета Европа на конгресот, која треба да одлучи дали неговата левцентристичка партија ќе влезе во преговори за формирање на новата коалициска власт со козервативниот блок.

„Сакам европски уставен договор, кој да создаде федерална Европа“, кажа поранешниот претседател на Европскиот парламент, кој предложи писмена конвенција, која да ги вклучи и цивилното општество и граѓаните. Договорот ќе биде претставен на сите држави-членки за ратификација, а тие кои ќе го отфрлат, автоматски ќе го напуштат блокот, предложи тој во својот говор во Берлин пред околу 600 делегати. Шулц предложи целната година да е 2025 г.

Според неговите зборови, само една пообединета ЕУ може да се соочи со предизвиците како што е борбата со климатските промени или управувањето на масовната миграција, принудувајќи ги интернет гигантите, како Google и Facebook да ги почитуваат граѓанските права и големите компании на Стариот континент, да сопрат со избегнувањето на данок.

„Европа е нашиот осигурен живот“, кажа Шулц. „Ова е единствената шанса, која треба да ја поддржиме со другите големи региони на светот“.

Тој исто така тврди дека една обединета заедница може да го спречи прогресот на десните националисти. „Ако не го смениме курсот, ако не ја зајакнеме Европа на многу практичен и конкретен начин, тогаш тие сили ќе спечалат“, предупреди политичарот.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO