Подготвени сме да финансираме проект за трговија и транспорт во регионот на Западниот Балкан во размер до 200 милиони долари. Ова го изјави генералниот извршен директор на Светската банка Кристалина Георгиева во Софија.

Му благодарам на премиерот Бојко Борисов што не собра и го поведе напред нашиот регион кон поголема интеграција, додаде Георгиева. Да одбележам, дека има огромен потенцијал за интегрирање на Западен Балкан и со започнување на претседавањето со ЕУ од страна на Бугарија, таа има можност да придонесе и да го усвои тој потенцијал.

Денешната средба има јасна и конкретна задача – да погледнеме посериозно на транспортните врски и на потенцијалот на ИТ секторот во регионот. Во однос на

транспортните врски, тоа што сакаме да го видиме, е движењето на стоки и луѓе во нашиот регион, да имаме поквалитетна инфраструктура и со внесувањето на интелигентни технологии да ги претвориме физичките колони во виртуелни. Да создадеме можности за еден шалтер на сите граници и процедури, кои овозможуваат трговијата да се движи побрзо и да стане поголема. Ние конкретно сме подготвени да финансираме проект за трговија и транспорт, кој ќе им помогне на земјите во регионот да ги отстранат пречките што денес постојат. Веројатно во размер од 150 до 200 милиони долари, така што 6-те држави може да го постигнат тоа, кое што денесна  ГКПП „Капитан Андреево“ Бугарија и Турција го покажуваат, изјави Георгиева.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO