Светот е толку сериозно повлијаен од конфликти, што нашиот регион има уникатна шанса да ги остави овие ризици во минатото. Бугарија, која веќе е членка на ЕУ, може да биде мост за своите соседи.

Ова го изјави главниот извршен директор на Светската банка, Кристалина Георгиева во интервју пред бТВ, пред денешниот форум на високо ниво, кој ќе започне иницијатива за поддршка на регионалната интеграција на Западен Балкан.

Главниот извршен директор на Светската банка соопшти дека очекува 2018 година Бугарија да влезе во чекалната на Еврозоната.

Вчера, европскиот комесар за буџетот Гинтер Јотингер даде изјава, од која стана јасно дека Еврокомисијата е подготвена да ја отвори врата за Бугарија и Хрватска во чекалната на Еврозоната. Периодот на тестирање е помеѓу 2 и 3 години.

„Очекувам Бугарија следната година да влезе во чекалната за Еврозоната. Политичкото решение може да биде донесена многу брзо и очекувам да биде донесена многу брзо, бидејќи економијата на Европската унија е во добра состојба, општата средина во Бугарија и Европа е позитивна „, рече таа.

Од стапувањето во чекалната до влегувањето во Еврозоната обично минуваат три години, додаде Георгиева и истакна дека 64% од Европејците го поддржуваат еврото.

На прашањето за Шенген Георгиева посочи дека Бугарија е подготвена, сите технички услови се исполнети и пристапувањето на земјата кон зоната е прашање на политичка одлука од земјите-членки. „Колку што јас разбирам тие се поотворени денес отколку што беа пред една година. Да стискаме палци тоа да се случи „, рече Георгиева. Според неа, промената на настроенијата е главно поради тоа што европската интеграција започна одново со повисоко темпо. „Ова не е само поради Брекзит, но и затоа што 10-те години криза ни ставија обетка на уво – да не го земаме системот на солидарност како даденост“, рече таа.

Една од темите која сигурно ќе биде засегната на конференцијата во НДК денес е коридор №8. Тој мора да ја поврзе Бугарија со Албанија преку Македонија.

„Светската банка веќе дава пари за овој коридор, сме обезбедиле дел од финансирањето на коридорот 8 на територијата на Македонија. Овде, во Бугарија, работиме со Владата за тоа да има електронски систем за наплата на такси и да може тоа финансирање да и помогне на Бугарија да ја одржува патна мрежа и да гради нови патишта. Но најважното што ќе го направиме за Коридорот №8 и вкупно за транспортот во регионот е еден регионален проект, кој има за цел да го забрза движењето низ граничните премини и да ги тргне пречките кои  прават така што еден камион да патува од Скопје до Софија за 6 часа, сакам да патува за 3 часа „, рече Кристалина Георгиева.

Таа наведе три главни пречки што постојат во моментов за тешкото придвување меѓу соседните земји. „Првата е дека многу од пунктовите се тесни и има шалтери и од двете страни, видовме како се забрзува движењето меѓу Бугарија и Србија, кога има еден шалтер. Втората пречка е дека има места на патот што не се добро поправени, што го забавува движењето. Третото и најинтересно е да користиме новите технологии, за да може колоните, кои сега се физички да ги направиме виртуелни – интелигентни транспортни системи. Не чини многу, ние проценивме дека е меѓу 15 и 30 милиони. ролари за земја и веќе имаме три земји од Западен Балкан, кои велат „дајте да го правиме овој проект“, продолжи Георгиева.

Таа беше категорична дека форумот во Софија е исклучително важен бидејќи Бугарија се подготвува за претседателството на Советот на ЕУ. „Во оваа функција Бугарија успеа да го наметне Западен Балкан како еден од приоритетите на своето претседателство, тоа многуму  помага на Берлинскиот процес и да се забрза елегувањето на нашите соседи во ЕУ. А ние треба да се интегрираме во овој регион „, рече уште Георгиева и даде пример со балтичките земји, кои тргуваат многу меѓу себе и имаат големи економски бенефиции за себе. Според неа, ова треба да се случи и на Балканот.

„Светот е толку сериозно повлијаен од конфликти, а нашиот регион има уникатна шанса да ги остави овие ризици во минатото. И Бугарија, ја исполнува улогата на земја која веќе е членка на ЕУ и може да биде мост за своите соседи „, категорична е Кристалина Георгиева.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO