Турскиот претседател Реџеп Ердоган ја започна историската посета на Грција денес за да го забрза затоплувањето на односите меѓу двете соседни земји кои се студени  поради длабоките поделби.

За време на неговата дводневна посета во Грција, коjа е прва од 1952 година, Ердоган ќе биде примен во Атина од страна на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос и премиерот Алексис Ципрас. Тој потоа ќе го посети и турското малцинство во Тракија.

Оваа посета е важна за ЕУ ​​и ќе биде внимателно следена од страна на европските лидери кои се потпираат на соработката на Анкара за да го попречат миграциониот проток кон егејските острови.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO