Не само Меркел, но и вие, г-дин Борисов, сте човекот, кон кого гледаме со голема надеж, барем во овие 6 месеци. Ова го изјави премиерот на Албанија Еди Рама на форумот во Софија.

Не пред 300 или 30 години, а пред 3 години започна процесот на регионална интеграција. Пред 3 години, дури овој процес изгледаше невозможен. Европските надежи на нашите граѓани ги собраа заедно сите лидери од Западен Балкан. Ова е процес, кој не учи да комуницираме заедно. Самиот процес многу придонесува за постигнувањето на помирување и за свртувањето на погледот напред. Бугарскиот премиер ја има целосната наша поддршка. Во истото време е натоварен со нашите очекувања да се бори за толку неопходното забрзување на процесот на интеграција. Со оглед на тоа што многу силно го поддржуваме фактот што Србија и Црна Гора водат преговори, сметаме дека и за Албанија и Македонија е време да ги започнат своите преговори. Таа противречност помеѓу тоа да си толку оддаден во процесот на интеграција, а во исто време да не започнуваат преговорите, е многу непријатно, подвлече Еди Рама.

Во врска со поплавите, сите тука ни помогнаа без дори да се молиме. Тоа беше навистина прекрасно. Мислам, дека е многу убав пример. Ја чувствуваме потребата да сме еден до друг, особено во такви тешки моменти. Разбравме јасно, дека има потенцијал и можеме да го расшириме во голема степен. Се надевам, дека Берлинскиот процес во делот за инфраструктурата, ќе стане по-реален и конкретен, а не едноставно да се претвори во една мечта, додаде уште албанскиот премиер.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO