Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер одбележа „великолепен напредок“ постигнат од Македонија на нејзиниот пат кон членство во ЕУ.

„Ние би сакале да ја инспирираме Поранешната Југословенска Република Македонија да продолжи по патот кој таа го избрала. Во последните десет месеци беше постигнат великолепен напредок „, изјави тој пред новинарите по средбата со македонскиот премиер Зоран Заев во Брисел.

Според зборовите на Јункер сите земји од Западен Балкан имаат „европска перспектива“. „Во наредните осум-девет месеци ќе одлучуваме како да продолжиме понатаму со секоја од нив“, истакна претседателот на Еврокомисијата.

На крајот на октомври, Жан-Клод Јункер изјави за потребата да се зачуваат за земјите од регионот изгледите за членство во ЕУ поради безбедноста на цела Европа. Пред тоа тој рече дека очекува проширување на Унијата од 2019 до 2024 година, откако Велика Британија ја напушти заедницата. Јункер неколкупати изјавил дека во рамките на досегашниот мандат, кој истекува во 2019 година, нема да има проширување на Унијата.

Пред средбата со Јункер македонскиот премиер Зоран Заев беше примен од шефицата на ЕУ дипломатијата Федерика Могерини. Напредокот на Република Македонија е видлив и тоа е добар знак за напредокот на земјата во процесот на интеграција, рече таа. На средбата беше истакнато дека претстојните месеци до првата половина на 2018 година се од клучно значење за започнување на преговори за членство на Република Македонија во ЕУ. Истакнато беше дека е важно да се одржи што е можно побрзо средба меѓу Република Македонија и Република Грција. За спорното за двете држави прашање за името на Македонија, Зоран Заев изјави: „Што се однесува до проблемот со Грција, имаме една порака: Подготвени сме да го решиме ова прашање. Потребна ни е помош и поддршка, за да се најде трајно решение, кое да е поддржано и од двете страни „, истакна Зоран Заев.

На средбата, исто така, беше нагласена потребата за соработка меѓу владата и опозицијата за стратешките прашања на земјата.

Денешниот маратон од состаноци во Брисел на Зоран Заев започна со средбата со претседателот на Европарламентот Антонио Тајани. Во новата стратегија за проширување на ЕУ ќе содржи јасна порака дека Република Македонија и другите земји од Западен Балкан се приоритет на оваа стратегија, изјави Тајани. Тој нагласи дека оваа стратегија ќе биде објавена наскоро. „Претседателот на Европарламентот Тајани изрази целосна поддршка на оваа позиција за Република Македонија, истакна зајакнувањето на соработката со Собрание на Република Македонија, како и поддршка за инвеститорите од ЕУ да прават бизнис во Република Македонија“, се вели во пораката на Европарламентот за средбата.

За возврат, Зоран Заев го информираше Антонио Тајани со главната цел на владата – 2018 година да донесе решение за отпочнување на преговори за пристапување на Македонија кон ЕУ.

Маратонот на преговорите на Заев во Брисел ќе заврши со средба со еврокомесарот Јоханес Хан.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO