Поранешниот началник на полската Служба за воено разузнавање генерал Пјотр Пител е уапсен во Варшава од вработени на воената жандармерија по наредба на обвинителството, соопшти портпаролот на командата на жандармеријата.

Задржувањето на генерал Пител е „поврзано со незаконска соработка со Федералната служба за безбедност“ на Русија, изјави министерот за национална одбрана Антони Мачеревич.

Претставникот на обвинителството Лукаш Лапчински рече дека против генерал Пител може да биде подигнато обвинение за „соработка со спец службите на странска држава“.

Како што објавија полските медиуми, во 2010 година полското воено разузнавање склучува договор со руските спец служби, според кој руските претставници го посетуваат штабот на полското воено разузнавање, а раководителите на полската служба прават посета на Русија.

Генерал Пител беше на чело на службата за воено разузнавање во периодот 2014-15, а пред тоа заземал голем број високи позиции во организацијата.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO