Американскиот претседател Доналд Трамп го призна Ерусалим како главен град на Израел.

Претходно денеска Трамп изјави дека одлуката за признавањето на Ерусалим за главен град на Израел се очекуваше одамна. „Мислам дека тоа се очекуваше одамна. Многу претседатели (на САД) изјавуваа дека сакаат да направат нешто, но тие не го направија „, истакна тој на владина седница.

„Во согласност со Законот за преместување на американската амбасада во Ерусалим му наредувам на Стејт департментот да започне подготовка за преместување на американската амбасада од Тел-Авив во Ерусалим“, изјави Трамп.

Тој повика на смиреност и толеранција по одлуката за признавање на новиот главен град на Израел.

Американскиот претседател, исто така, најави нов пристап кон израелско-палестинскиот конфликт. САД се стремат кон мирно регулирање на Блискиот Исток што да ги задоволи и двете страни, изјави претседателот. Тој потврди дека заменик-претседателот Мајкл Пенс наскоро ќе го посети Блискиот Исток.

ТАТКОВИНА потсетува дека одлуката за признавањето на Ерусалим за израелска престолнина се дочекува на нож во арапскиот свет и во други делови на светот.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO