Властите во Москва го обвинија американското разузнавање дека се обидува да врбува руски новинари само неколку дена откако во двете држави влегоа во сила закони кои ги одредуваат нивни медиуми како „странски агенти“.

„Неодамна руски новинари, вклучувајќи и такви во САД, станаа објект на голем притисок од специјалните служби, најмногу преку обиди за врбување“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова. Според нејзините зборови, активностите на разузнавањето не се само агресија против Русија, туку и прекршување на слободата на изразување.

Изјавата доаѓа на позадината на тековниот, веќе неколку месеци конфликт меѓу Вашингтон и Москва во врска со законите во двете држави за одредување на некои медиуми на другата страна како „странски агенти“. Активностите на Вашингтон беа насочени против спонзорираниот од Кремљ на англиски јазик телевизиски канал RT, додека во листата на Москва влегуваат „Гласот на Америка“, Радио Слободна Европа и Радио Свобода, како и седум нивни поврзани медиуми.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO