Поранешниот Советски Сојуз прв испрати човек во вселената, неговиот арсенал на нуклеарни боеви глави не отстапуваше американските. За време на Втората светска војна, тој бил подложен на бројни напади, но тој не се предал. Но, по распадот на СССР, неговата економија падна нагло до нулата. Во моментов, номиналниот БДП на Русија изнесува 1,33 трилиони долари, а на кинеската провинција Гуандун изнесува 1,16 трилиони долари.

Односно. можеме да си замислиме дека вкупниот обем на производството во една, не од најголемите, провинции на Кина се доближува до обемот на производство во огромната супердржава, чија површина е над 10 милиони квадратни километри. Од една страна, тоа се должи на континуираниот подем на Кина, но, што е уште поважно, на падот на руската економија.

„Шок терапија“ по колапсот на СССР

Во тој момент Советскиот Сојуз веќе беше сериозно ослабен поради настаните во Источна Европа. Наскоро беа потребни реформи за да се спаси економијата која се наоѓаше на работ на колапсот. Таквата реформа стана позната како „шок терапија“. Во пресрет на реформите во Русија остро стоеја проблемите со корупцијата, растот на надворешниот долг, хиперинфлацијата, и тоа во време кога развојот на тешката и лесната индустрии одеше крајно нерамномерно. За да ги забрза реформите Елцин издаде наредба да се фрлат сите сили за спроведување на шок-терапијата, која всушност претставуваше суштинско намалување на паричната маса, зголемување на даноците, потиснување на социјалните барања, насилно компензирање на јазот помеѓу понудата и побарувачката, за да може во најкратки рокови да боде воспоставена контрола над инфлацијата. Сите ги знаат последиците од таквите акции: тие се проследени со дефлација. Намалувањето на паричната маса доведе до остар пад во цените на активите што им овозможи на овие крупни капиталисти кои го подржуваа распадот на СССР, со леснотија да приберат во рацете висококвалитетни државни активи. Од друга страна, кај луѓето исчезнаа желбата за консумирање. Бизнисите почнаа да се распаѓаат еден по друг, а економијата не можеше да падне пониско. Всушност, во времето на распаѓањето, економијата не беше толку лоша како што сите си замислуваа. Полошите времиња дојдоа по неколку години по употребата на шок терапијата.

Драстичен пад на цените на енергенсите

Иако Русија не е голема економија, во исто време таа е енергетска држава. Русија учествува со 13 отсто од светските резерви на нафта и 26,7 отсто за природен гас. По финансиската криза во 2008 година цената на нафтата на домашниот пазар на Русија падна со 42,5% а во сферата на производството на минерали тие паднаа со 20,8% Сеприсутниот пад на цените на суровините доведе исто до пад на цените на големо на индустриските производи за 6,6%, кој пад стана нов историски рекорд. Ова, исто така, директно доведе до пад на стапките на раст во руската економија во 2008 година.

Западните санкции

Несомнено, и покрај повторно застанатата на нозе Русија е капиталистичка земја, нејзините односи со САД и другите земји од НАТО се уште се далеку од идеални. Западните држави, предводени од САД, усвоија пакет економски санкции против Русија. Овие санкции наметнуваат забрана за увоз на суровини, на транзитна трговија и.т.н. На крајот на октомври САД пуштија уште една санкциона листа во која се најдоа имињата на 39 компании и поединци кои се занимаваат со руската одбранбена индустрија и специјалните служби. Очигледно, отсуството на слободна трговија ја оштетува економијата на секоја земја. Краткорочните санкции ќе доведат до мал пад на цените на активите. Сепак, долгите санкции ќе доведат до нездрав економски раст во долгорочни перспективи. Активноста во многу области ќе биде запрена поради зголемените трошоци или материјалниот дефицит.

–––––––––-

Сјао Бај, в. Хесјун, Кина

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO