Името на Синиша Алексоски може да е малку познато за широкото мислење, но за познавачите на околностите, неговото име е синоним на лошото и на зулумите против Албанците. Истиот е поранешен шеф на единицата „Алфа“, додека во моментов фигурира како советник за безбедност на претседателот Ѓорѓе Иванов и истовремено е советник на директорот на Агенцијата за разузнавање. Синиша Алексоски е директно вмешан во подготовката и реализацијата на егзекуцијата на петте жртви крај Смилковското езеро, познат како случајот „Монструм“. Алексоски се споменува од некои македонски новинари и аналитичари како вклучен во задкулисието на овој случај, каде на неправеден начин како убијци се обвинети неколку Албанци што се посведочи со нивното ослободување минатата недела.

Исто така, Алексоски е вмешан и во подготовката на несреќното сценарио во ʺДива населбаʺ (Куманово), каде што случајот имаше трагичен епилог со многу жртви. Истиот, во соработка со српските и руските служби, имаше за цел, преку оваа режија, да го одвлече вниманието на општеството од т.н. “ „Бомби“ на Зоран Заев. Конечно, Синиша Алексоски беше активен учесник во теророт против пратениците на 27 април во парламентот на државата. Истиот имал директен контакт со српскиот агент Горан Живаљевиќ, кој е фатен за време на трагичната ноќ како си прави „селфи“ за време на нападот врз пратениците. Исто така, по налог на Алексоски, на 27 април во Парламентот беа активни и неколку агенти на Агенцијата за разузнавање, чија активност се очекува да биде испитана од страна на Јавното обвинителство. Еден од нив, Мумир Пепиќ, сега е во притвор. Освен тоа, Синиша Алексоски е вовлечен и во пазарот со наркотици како соработник со неколку криминални наркогрупи од Србија и Македонија.

––––––––––-B

Статиjата во целост е преземена од Ilirida.net.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO