Македонскиот премиер Зоран Заев планира да ја посети Грција на почетокот од следната година. За време на неговата посета на Атина, тој ќе се состане со премиерот Алексис Ципрас.

„Планирам посета на Атина. Се надевам дека тоа се случи на почетокот на следната година и да се сретнам со премиерот Алексис Ципрас, со министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас, со претседателот и со пратеници“, рече Заев пред АНА-МПА.

Заев потенцираше дека има желба за градење на пријателски односи со Грција, кои ќе се базираат на меѓусебна доверба, што ќе овозможи да се дојде до решавање на спорот за името на Република Македонија.

Зоран Заев директно побара поддршка и помош од грчките граѓани, државните институции, владата, опозицијата и парламентот. Македонскиот премиер призна дека спорот за името е „чувствително прашање и не е лесно за грчките политичари, но изрази подготвеност да постигнат разбирање и да побараат взаемно прифатливо решение“.

„Македонија нема алтернатива на членството во НАТО и ЕУ. Нашата влада ни извршува реформи, а особено во областа на правосудството, јавната администрација и образованието. Во нашата надворешна политика главен приоритет е подобрувањето на нашите односи со соседите“, истакна Зоран Заев.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO