Двајца мажи се обвинети за заговор за убиство на британскиот премиер Тереза ​​Мeј, соопштија британските медиуми. Според истражните органи, Најмур Закарија Рахман 20 годишен и Мохамед Акиба Имран 21 годишен,  планирале да постават експлозивни направи до влезот во канцеларијата на шефот на британската влада во Лондон на Даунинг стрит, а потоа да ја нападнат Меј со ножеви. Притворениците ќе бидат изведени на суд денес.

Откритијата дојдоа еден ден откако министерот за внатрешни работи Амбер Ред изјави пред парламентот дека 22 терористички напади биле осуетени по 2013 година

Полицијата соопшти дека во моментов има 500 истраги за тероризам,кои вклучуваат 3.000 лица, а во минатото биле испитани над 20 000 други лица.

Велика Британија стана жртва на пет терористички напади оваа година, во кои загинаа 36 лица и повредени беа повеќе од 200 други. За четири од нападите одговорноста ја презеде „Исламската држава“.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO