Оклахома Сити Тендер направи пресврт и ги порази Јута Џез со 100: 94 на свој терен во натпревар од Националната кошаркарска асоцијација.

Натпреварот не започна добро за грмотевиците кои ја загубија првата четртина со 19:28, а во третата отстапуваа со 17 поени разлика. Домаќините, сепак, одиграа силна последна четвртина (32:14) и дојдоа до победа. Расел Вестбрук оформи последоватъелен трипл-дабл, 34 поени, 14 асистенции и 13 скокови, Пол Џорџ заврши со 21 поен, Стивен Адамс – 20. За Јута Донован Мичел постигна 31 поен,

Вашингтон Визардс забележа категорична победа над Портланд Трејл Блејзерс со 106: 92 како гостин, а во основата на успехот беше 24-годишниот Бредли Бијл, кој направи рекордни 51 поени во неговата кариера.

Претходниот рекорд на Бијл беше 42 поени, што ги постигна во натпревар против Феникс Санс пред една година. Џон Вол повторно не излезе на теренот заради повреда. За Портланд, кој имаше трет последователен пораз, Дамиен Лилард беше најуспешен со 30 поени.

Во друг НБА натпревар, Торонто Рапторс ги победи Феникс Санс со 126: 113.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO