Масовнa тепачка меѓу навивачите на Баерн Минхен и Пари Сен Жермен на Централната станица во германскиот град доведе до интервенција на полицијата минатата вечер. Денес, двата тима се соочуваат еден против друг во групната фаза од Лигата на шампионите.

Околу 60 лица учествувале во тепачката, а еден приврзаник на францускиот клуб бил примен во болница со повреди на главата, 30 навивачи на ПСЖ биле испрашувани во полиција, а четворица навивачи на Баерн биле прибрани поради поседување оружје. Дуелот беше определен како високо ризичен од полицијата, бидејќи се очекува околу 4 илјади приврзаници на ПСЖ да пристигнат во Минхен. Двете екипи веќе со обезбедија излегување од групата, но вечерва тие треба да одредат кој ќе заврши прв. ПСЖ победија на првата средба дома со 3: 0, што значи дека Баерн има потреба од успех со четири гола разлика, за да го измести противникот од врвот.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO