Претседателот на Р. Македонија Ѓорге Иванов во последните денови пројавува усилена дипломатска дејност со цел да обезбеди меѓународна поддршка за поранешниот министер за надворешни работи Никола Попоски, како негов адут за лидерскиот пост на ВМРО–ДПМНЕ. За ова ТАТКОВИНА дознава од дипломатски извори на држави кои  се докажани искрени пријатели и поддржувачи на Р. Македонија во нејзините аспирации за нејзино брзо влегување во НАТО и ЕУ. Како се наближува конгресот на ВМРО–ДПМНЕ се погласни се слуховите и коментарите во членството на ВМРО–ДПМНЕ во кои се споменува точно името на Никола Попоски за иден наследник на Никола Груевски.

За наложувањето на Никола Попоски за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ е скоро целиот кабинет на претседателот Иванов, при што се користат сите можни средства за елиминирање на евентуалните противкандидати и претенденти за лидерскиот пост.

Ваквото кадровско решение треба да овозможи континуитет во политиките започнати од Никола Груевски, кои на меѓународен план Никола Попоски безпоговорно ги спроведуваше.

Од истите дипломатски извори ТАКОВИНА дознава дека, со цел реализирање на ваквите амбиции на претседателот на републиката се создава една интересна ʺфранкофонска коалицијаʺ Иванов-Попоски-Коѕијас. Главната долгорочна цел на ваквата коалиција е да ги компромитираат и сопрат најавените реформи на владата на Зоран Заев согласно планот 3-6-9, но и да не се постигне компромис во спорот за името со Грција, како основен услов за отпочнување на преговори со ЕУ и добивање на покана за членство во НАТО.

На оваа коалиција според истите дипломатски извори се придодаваат и француски дипломати, имајќи го во предвид фактот дека претходно Никола Попоски работел во француската амбасада во Скопје и важи за ʺфранцуски човекʺ. Логичното прашање кое следи е дали ваквата дејност на француските дипломати е со знаење и содејство на францускиот премиер Емануел Макрон.Ваквото прашање се наметнува и заради добрите односи кои Макрон ги има со бугарскиот премиер Бојко Борисов, кој од своја страна прави големи усилија за брзо влегување на Р. Македонија во евро-атлантските институции.

Во дипломатските кругови, од своја страна отворено се коментира за про-руските ставови на претседателот Ѓорге Иванов. За истите тој дури беше удостоен и со орден от Руската Православна Црква. Како дополнение, тој присуствуваше на парадата во Москва на која имаше многу малку европски лидери,има континуирани контакти со руската амбасада, а наспроти тоа е познат по својата антиевропска реторика и неговата деструктивна политика наспроти обидите за демократско сменување на власта во Р. Македонија.

Ваквата ʺфранкофонска коалиција” е од интерес и на официјална Москва, тврдат западните дипломати. Едно ВМРО–ДПМНЕ кое ќе продолжи со својот националистички и антиевропски курс, како и одолговлекувањето на евроатлантските интеграции на Македонија, кои во никој случај не треба да се случат пред месец јуни 2018 година, претставуваат приоритет на руската политика.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO