Точно пред 25 години, на 3 декември 1992 година, е испратена првата текстуална порака до мобилен телефон. Авторот на дебитантскиот SMS во историјата е 22-годишниот британски програмер Нил Папуарт.

По четврт век Папуарт, кој сега живее со своето семејство во Канада, се сеќава како станал првиот човек испратил SMS и како тоа го променил неговиот живот.

„Работев во Велика Британија во Sema Group како програмер. На SMS-проектот, работев заедно со нашиот клиент Водафон „, рече Папуарт.

Целта на проектот беше да им се олесни на луѓето и повеќе да не носат телефон за разговори и пејџер за пораки.

По тестовите во рамките на компанијата Папуарт станува доброволец и влегува во тим кој да отиде во канцеларија на „Водафон“ и да ја тестира иновацијата. По тестовите кои траеле неколку месеци, го замолуваат Папуарт да испрати вистинска порака за да покаже дека услугата работи.

Тогаш младиот човек не сметал дека учествува во историски настан, а го сметал за обичен работен ден. Кога дошол моментот, од неговиот компјутер на мобилниот број на примачот ја испратил пораката „Среќен Божиќ“.

Текстот бил избран по случаен избор, но бил логичен – Папуарт ја испратил пораката на вработениот во компанијата „Водафон“ Ричард Џарвис, кој во моментот бил на настан поврзан со Божик. Затоа текстот не требал да изгледа изненадувачки за примателот, бидејќи имало уште три недели до Божиќ.

Папуарт вели дека изминало подолго време пред СМС да се расшири масовно. „Измина една година во која со помош на софтвер за SMS и мобилни телефони стана возможно да испраќате и примате пораки. Само тогаш, кога мобилните оператори почнаа да прават пакетни понуди што вклучуваа текстуални пораки, сето тоа почна брзо да се распостранува. “

Првиот материјал на Папуарт како испраќач на првата СМС порака, беше објавен по повод десетгодишниот роденден на текстуалните пораки. Дотогаш луѓето, дури и сопругата на програмерот, не знаеле дека тој ја испратил првата порака до мобилен телефон Orbitel 901, а и тој самиот не се сеќавал за оваа епизода.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO