Атлетик Билбао и Реал Мадрид изиграа 0:0 во последниот саботен натпревар од 14. коло на Примера дивизијата.

Реал го завршија натпреварот со 10 играчи, откако во 86-тата минута Серхио Рамос го удри со лакт Ариц Адурис при воздушен двобој за топката и доби втор жолт картон. Баскијците немаат победа веќе во шест натпревари од Ла Лига, а Реал не успеа да ја искористи грешката на Барселона, која изигра нерешен со Селта (2: 2).

Тимот на Барса води на табелата со 36 бода, следен од Валенсија со 31, Атлетико Мадрид со 30 и Реал со 28. Во следниот круг претстојат интересни судири како Виљареал – Барселона и Реал – Севиља.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO