Леброн Џејмс постигна дабл-дабл за 11-тата последователна победа на Кливленд Кавалирс во Националната кошаркарска асоцијација. Кавс победија на домашен терен против Мемфис Гризлис во Охајо со 116: 111.

Лидерот на домаќините Леброн Џејмс реализираше 34 поени и 12 асистенции, Кевин Лав додаде 20. За гостите Тајрик Еванс постигна 31 поени, Марк Гасол – 27.

Филаделфија 76-ерс го победи Детроит Пистон со 108: 103 на свој терен. Домаќините имаа предност од 16 поени на полувремето, но кошаркарите на гостите одиграа многу силна трета четвртина и после 33:17 се стигна до нерешен резултат пред завршната четвртина која Севенти Сиксерс ја добија со 28:23. 25 поени за победниците забележаа Џоел Ембијд и Роберт Ковингтон, а за Детроит Пистонс најпрецизен стана Тобиас Харис со 27 поени.

Бруклин Нетс загуби дома од Атланта Хокс со 102: 114, а Далас Маверикс го декласираше Лос Анџелес Клиперс со 108: 82 дома.

Портланд Трејл Блејзерс беше поразен на домашен терен од Њу Орлеанс Пеликанс со 116: 123. Демаркус Казенс заврши со 38 поени, додека Дејмиан Лилард постигна 29 поени за домаќините. Со овој успех „Пеликаните“ ја прекинаа серијата од три порази.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO