Производството на вино во Грузија е запишано во Гинисовата книга на рекорди како најстарото во светот. Рекордот е регистриран откако научниците направија археолошки ископувања во две стари населби на 50 км. од грузискиот главен град Тбилиси, кои се однесуваат на периодот 6000-5800 п.н.е.

При проучувањето на предметите биле пронајдени садови со остатоци од течност. Хемиската анализа покажала дека садовите се користеле за ферментација, одлегнување и складирање на вино.

Досега се сметаше дека најстарите традиции за производство на вино и припаѓаат на Иран, каде што овој пијалок почнува да се подготвува во 5400-5000 п.н.е.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO