
„Жална Македонијо со толку подметнати Јуди!“ – ова го напиша еден мој Фејсбук пријател на профилот на својата страница. Повод беше изјавата на поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски во емисијата „Панорама“ на Бугарската национална телевизија.
„Го гледав сега во живо на Бугарската Телевизија, поранешниот Премиер на страдална Македонија“– пишува моjот феjсбук колега – „Се чудел како од 1919 год до сега Бугарската црква останала воздржана без никаков протест за прогонетите ѝ владици и убиени и измачувани свештеници од страна на Србите кога ја окупирале Македонија во1919 година!? Замислете што го тиштело него, Македонци, а го мислевме за војвода кој ќе го заштитува македонскиот народ и државни национални интереси?! Психолошки гледано, луѓе со поданички менталитет, низок интелект и подвоена личност!“
И какви се, си размислувам, македонските национални интереси, според мојот пријател? Можеби некако да се докаже дека низ вековите, во соседството на бугарскиот народ, живеел друг, различен македонски народ кој си зборувал на друг, различен македонски јазик имал, или сакал да има своја различна македонска црква, ама Бугарите сакале да го окупираат, асимилираат, но херојски опстојал. Егзархијата, во оваа слика на светот се привидува како туѓо чудовиште, закана за македонскиот народ. Е голема работа, дека Србите ги прогониле егзархиските владици и ги убиле нивните свештеници …
Но, оваа слика за светот, меѓутоа има еден огромен проблем. Љубчо Георгиевски е далеку од тоа да биде единствениот Јуда. Всушност, целата македонска историја станува историјата на „подметнатите Јуди“.
Несомнено, Свети Климент и Свети Наум треба да се подметнати Јуди. Биле платеници на бугарскиот цар и граделе книжевни школи по целата должина на тогашното Бугарско царство – од денешна Албанија, до денешна Романија.
Што има да спориме за цар Самуил? Тој е „подметнат Јуда“, парекселанс. Прифатил да носи бугарска круна. Наместо да ги заштитува македонските национални интереси!
Неговиот внук, Петар Делјан, се разбира, е „подметнат Јуда“. Сакал да го возобнови бугарското царство.
А што да кажеме за скопскиот болјарин од 13 век Константин Тих? Тој го прифатил изборот на советот на Болјарите и станал бугарски цар. Дури се расположил во престолнината Трново – „подметнат Јуда“, што друго?
А кога дошле Турците – освен „подметнати Јуди“, друго нема. Во народните песни пееле за Бугари, за Турци, за Власи, за Срби … не објасниле дека под „Бугари“ треба да се разбира Македонци – дури и во песната од Струга, за трите девојки – едната Гркина, другата Влаинка, третата ( најхрабрата-бугарка). Но наместо преку Црн Дрим, тие се скарале која да го пренесе јунакот преку Дунав. Како не разбрале дека крај Дунав живее еден народ, а крај Дрим – друг ! „Подметнати Јуди“, тоа се жените од кои браќата Миладиновци ја запишале песната. А за нив да не зборуваме. Предавници, предавници, предавници ! Штросмајер ги излажал дека биле бугари и тие поверувале! Но и „подметнатите Јуди“ како Јоаким Крчовски и Кирил Пејчиновиќ пред нив ги излажеле. Самите Миладиновци, исто така, создале „подметнати Јуди“. Го излажале Ксенофонт Ѕинѕифи да стане Рајко Жинзифов и да го шири бугарскиот отров … Кога ќе стигнеме до борбите за бугарски цркви и училишта тука освен „подметнатите Јуди“, друго нема. Бог знае кој ги подметнал кога Бугарската преродба почнала од земјата на денешна Република Македонија, ама да, се сетив, нив Русите ги изманипулирале да се прават на Бугари. Но, еве веќе откриваме и такви кои не се „подметнатите Јуди“. Петко Славејков пишува дека „имало Македонци кои не се признавале за Бугари и тврделе дека се потомци на Александар Македонски“. Е тоа, според мојот Фејсбук пријател е темелот на македонската нација. Но, не им гизнаеме нивните имиња.
Тие ниту отворале училишта, ниту цркви, ниту пишувале книга, ниту како „подметнатите Јуди“ ги отворале очите на народот за модерната цивилизација. Но, тие се нашата гордост! Еве и една мала подробност. Обично зад нив стоела Цариградската патријаршија, а подоцна нивен личен патрон бил Каравангелис – но тие не се „подметнатите Јуди“, тие се вистинските Македонци. Се возобнови Бугарската држава, и што да видиме: „подметнати Јуди, подметнати Јуди“ подметнати Јуди „… Та тоа не се писатели, интелектуалци, претприемачи, офицери, генерали, политичари, министри, премиери … Димитар Ризов, Андреј Љапчев, Симеон Радев, Димитар Талев. Александар Балабанов… Дури лидерите на Разловското и на Кресненското востание Димитар Беровски и дедо Иљо Малашевски за време на Српско-бугарската војна, наместо да ги заштитуваат македонските национални интереси, тргнале да собираат доброволци да се борат за Бугарија! Предавници!
За Даме Груев и за Гоце Делчев, освен како „подметнати Јуди“, како на друг начин да ги дефинираме? Ќе ми создаваат и ќе ми се членуваат тие во ʺБугарските Македоно-одрински револуционерни комитетиʺ. Гоце Делчев ќе ми внесува во организацијата безброј Бугари од старите граници. Наместо да ги исчисти таквите како Марко Лериски (од Котел), Тома Давидов (од Ловеч) Христо Чернопеев (од Дерманци) Пеју Јаворов (од Чирпан) итн, тој се опкружил со нив! Е фала богу, Јане Сандански наредил да ги убијат „подметнатите Јуди“ Иван Гарванов (од Стара Загора) и Борис Сарафов (од Пиринскиот дел). Ама и Јането е еден „подметнат Јуда“. За време на Хуриетот, ќе ми создава „бугарска секција“ на „Народната федеративна партија“. И Крсте Мисирков, и тој е „подметнат Јуда“. Тврди дека Илинденското востание било „бугарски маневар“ и ако успеело ќе сме имале „бугарска Македонија“. А што да кажеме за „подметнатиот Јуда“ Васил Чакаларов. Јаз’к што му издигнавме споменик во Скопје. Божем силен комита, ама после се повлекол во Софија,се оженил … Но за време војните во окупираниот од Бугарите дел на Македонија создал чета, но наместо да се бори со окупаторот, со негова помош влегол во окупираниот дел од Грците. Сакал „Голема Бугарија“, за да може ем да го ослободи својот крај ем да се врати во главниот град … Јуда!
A Ѓорче Петров и Димитар Влахов, што се тие? Се разбира, „подметнати Јуди“. Како и сите живи илинденци, во Првата светска војна место да ги заштитат македонските национални интереси станале високи бугарски функционери … За „подметнатите Јуди“ Тодор Александров, Иван Михајлов, Мара Бунева нема смисла да се зборува. Ако спорот е дали „тие биле лоши, затоа што биле Бугари, или биле добри, бидејќи“ всушност „не биле Бугари“, ќе влеземе само во апсурдна конфузија! „Подметнатите Јуди „ги наоѓаме дури и кога Коминтерната прифатила да се работи за градењето на македонска нација. Кога бугарските војски под покровителство на Хитлер влегле во Македонија, дури и комунистите на чело со Шарло го прифатиле „обединувањето“. Тие сакале да станат дел од БКП. Е да де, ама кога Хитлер го нападнал Советскиот Сојуз, одеднаш комунистите се сетиле дека се „антифашисти“. Но сè уште не зборувале за „бугарскиот фашистички окупатор“. Дури на АСНОМ се зборува за „братскиот бугарски народ“ … затоа што во Македонија уште имало многу „подметнати Јуди“ и не носело дивиденди да го напаѓаме бугарскиот народ! Но дури и кога „Бугарин“ станало „валкан збор, „подметнати Јудиʺ имало уште многу: Павел Шатев, Панко Брашнаров, Венко Марковски…
Денес, Република Македонија е независна држава.
Се надеваме скоро и нејзината независна црква да биде призната. Денешниот македонски народ, формиран во тортурите на 20 век, има право на свој идентитет, свој развој. Но Македонците треба, или да прифатат дека се жална нација од „подметнатите Јуди“, или да кажат: „Аман од глупости!“ И со гордо дигнато чело да ги повторат зборовите на поранешниот министер (и татко на актуелниот македонски министер за надворешни работи) Димитар Димитров: „Ние, македонската нација, сума и современ производ на таа драма, немаме причина да се срамиме од себе си, од дванаесетвековната етнобиографија под “ номиналниот ознака „Бугари. Срамот е на Европа, најмногу на Русија, Англија, Франција, Австро- Унгарија, Србија и Грција, затоа што еден народ, која се одржал половина милениум под турско политичко ропство и уште толку, дури и повеќе под грчка духовна доминација, го раскинаа поради сопствени себични стратегии, на дел од него инектирајќи му го грчкиот и српскиот шовинизам „воспитувајќи“ го да го замрази името и родот. “
–––––––––––––-
Автор за ТАТКОВИНА: Николаj Василев-член на раководството на БЗНС и потомок на Екатерина Симитчиева , бугарска учителка родена во Скопjе, деец на ВМОРО и борец за црковна независност во Македониjа
