Тимот на Барселона направи погрешен чекор на домашен терен против Селта Виго во 14-тиот круг од Ла Лига, откако натпреварот заврши со нерешен резултат 2-2.

На „Ноу Камп“ во каталонската престолнина гостите почнаа добро и поведоа уште во 20-та минута преку напаѓачот Јаго Аспас. Домаќините веднаш реагираа, а само две минути подоцнаа, ѕвездата на тимот, Лионел Меси, изедначи. Во 62-та минута Луис Суарез го постигна вториот гол за Барса и по сето тоа изгледаше дека каталонците ќе запишат нови три бода во нивниот актив, но во 70-та минута Максимилијан Гомез израмни. На крајот, воспитаниците на Ернесто Валверде не успеаја да постигнат нов гол, а натпреварот заврши со нерешен резултат од 2: 2. На овој начин Барселона веќе има 36 поени и нивната предност на врвот може да биде стопена на само две бода, ако утре Валенсија победи на гостувањето со Гетафе. Реал Мадрид има 27 бода ивечерва му гостува на Атлетик Билбао. Селта е осма на табелата со 18 бода.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO