Шкотски свештеник предизвика бран од спротивставени мислења, откако изрази надеж четиригодишниот принц Џорџ – трет по ред за британската круна, да стане геј, за да може на тој начин британската црква да ги прифати истополовите бракови.

Кевин Холдсуорт напиша на Твитер дека Англичаните треба да се помолат насамо или јавно „Бог да благослови принцот Џорџ со љубовта, кога ќе порасне, на убав млад господин“. Според неговите зборови, таквата кралска свадба во голема мера може да помогне да се легализираат браковите од ист пол.

Самиот Холдсуорт кој е од Шкотската епископална Црква и пастор во катедралата „Сент Мери“ во Глазгов, е геј и активист за правата на хомосексуалците.

Шкотската епископална Црква, која е дел од Црквата на Англија, гласаше во јуни да биде укинато уточнувањето на свадбените ритуали дека сојузот е „меѓу маж и жена“. Оттогаш црквата признала неколку бракови од ист пол.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO