Нина Добрев и нејзиниот пријател, актерот Глен Пауел, се одмораат едрн од друг, затоа што се многу зафатени за да си одделуваат доволно време.

Ѕвездата од ʺДневниците на вампиротʺ излегува со својот колега од почетокот на годината, но има гласини дека нивниот однос не е постојан, бидејќи и двајцата имаат многу обврски. И покрај тоа, двојката сé уште не е подготвена да стави крај на нивната врска.

„Тие се ‘уште се гледаат, но односите им се малку заладени поради напнатите планови“, изјави извор за ʺЕ! Newsʺ. Според него, бугарката неодамна завршила со еден проект и започнала друг, а двоjката не престојува доволно време заедно од крајот на летото.

Информацијата за одмор на двојката дојде откако 29-годишниот Пауел престана да ја следи Нина во Инстаграм, но веднаш потоа повторно почна. Сепак, тие неодамна споделија фотографии на социјалната мрежа на Денот на благодарноста, кој заедно го прославиле.

Пред само неколку месеци, нивните пријатели рекоа дека нивната врска е многу сериозна, но сé уште немаат планови да живеат заедно поради нивната напната работа.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO