Муслиманите може да бидат меѓу 7,4 и 14 проценти од населението во Европа до 2050 година, се вели во резултатите од анализата на истражувачкиот центар Пју. Американскиот институт вклучил во анализата 28 држави од Европската унија, Норвешка и Швајцарија.

Според нив, во 2016 година во Европа 4,6 отсто од населението биле муслимани, а 53 отсто од сите имигранти во 30-те држави од 2010 до 2016 година биле муслимани.

Дури и да запре сегашното темпо на имиграција во тие држави, бројот на муслимани во Европа ќе се зголеми од 4,9 отсто во средината на 2016 година до 7,4 отсто од населението во 2050 година. Второто сценарио се заснова на продолжување на легалната имиграција и на запирање на бранот мигранти. Со тоа, муслиманите ќе бидат 11,2 отсто од европското наслеение во 2050 година. Има и трето сценарио – ако продолжи мигрантската криза до 2050 година муслиманите ќе бидат 14 отсто од населението во 30-те држави, наведуваат од Пју.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO