1907 година по наредба на Јане Сандански, Тодор Паница ги застрелал Борис Сарафов и Иван Гарванов во Софија.

Борис Петров Сарафов – бугарски општественик, протагонист на национално-ослободителните борби на Бугарите во Македонија и Одринско. Роден е на 12 јули 1872 година. Завршил во солунската машка гимназија (1890) и Воената школа во Софија (1893). Служи како офицер во Белоградчик. Војвода на чета во четничката акција на ВМОК (1895) и на 12 јули го презема Мелник. Во периодот мај 1899 – март 1901 година е претседател на ВМОК. Соработува со Гоце Делчев и Ѓорче Петров – задгранични претставници на ВМРО во Бугарија. Тој е началник на Генералштабот на востанието во Битолскиот револуционерен округ за време на Илинденското преображение. Во периодот 1903-1904, тој патувал низ Европа и ги популаризирал идеите и работата на ВМРО. Учествувал на Конгресот на Рила (1905) како претставник на Битолскиот револуционерен округ. Бил избран заедно со Иван Гарванов и Христо Матов во Задграничното претставништво на ВМРО во Бугарија.

Иван Гарванов е еден од основачите и лидерите на Бугарското тајно револуционерно братство во Турција, формирано како противтежа на ВМОРО. По влегувањето во братството во 1899 година, во ВМРО станува член на Солунскиот комитет. Во 1901 година, по аферата во Солун, застанува на чело на Централниот комитет на ВМРО. Под негово раководство на Солунскиот конгрес на ВМРО, во 1903 година, е донесена одлука за дигање на востание. По атентатите во Солун во април 1903 година, тој е уапсен и испратен на заточение во Акја, Мала Азија. Пуштен во 1904 година, доаѓа во Бугарија и станува учител во средното училиште во Втора машка гимназија во Софија. По 1906 година, во составот на Задграничното претставништво на ВМРО, тој стана експонент на идеите на десното течение.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO