Со оглед на состојбата во која се наоѓа БПЦ и особено ако се земе во предвид составот на Светиот Синод, одлуката беше скоро најдобрата од можните. Македонската Православна Црква предложи, а Бугарската Православна Црква прифати (со услов дека предлогот на МПЦ е вистински), да стане мајка црква. Што значи тоа?

Тоа значи дека МПЦ прифаќа дека пристапувањето на македонските епархии во Бугарската егзархија станало доброволно. И нивното приклучување кон Српската православна црква било извршено присилно. Со овој акт, МПЦ го прогласи нивното присоединување кон СПЦ по Првата светска воjна за „null and void“. Настан кој што останал без последици. Од тука натаму,имајќи ја во предвид значителната тежина која МПЦ-ОА ја има во општеството, ќе биде многу тешко да се тврди дека Бугарската егзархија била нешто туѓо за местните луѓе. Да не заборавиме дека неколку генерации Македонци учеле дека Егзархијата била чудовиште кое сакало да ги асимилира…

Македонското прифаќање на Егзархијата како своја (твојата мајка по дефиниција не може да ти биде туѓа), објаснува што точно значи терминот „заедничка историја“ присутен во Договорот за добрососедсто и пријателство што го потпишаа владите на Бугарија и Македонија.

Усвојувањето на Бугарската Православна Црква како црква-мајка никако не значи послушност. Откако ќе заврши  процесот на признавање, двете стануваат рамноправни сестрински цркви! Ако во наредните денови и месеци свештеници од БПЦ започнат да вршат сослужение со свештеници од МПЦ (нешто што веќе се случило), процесот брзо ќе биде завршен.

Се разбира, се најдоа „специјалисти“, како Борислав Цеков – близок до Пловдивскиот владика Николај, кои што фрлија лажица  катран во кацата со мед. Тој побрза да објасни дека Бугарската Православна Црква ниту ја признала македонската, ниту ќе ја признае како наследник на Охридската Архиепископија.

Изричното и споменување на црквата како МАКЕДОНСКА, но не како  Охридска архиепископија, најверојатно било наложено од блиските до Москва владици, за да ги налути петте грчки православни цркви иможе да биде дел од конфликтот на московскиот патријарх со вселенскиот.

Во најлоша положба попадна Српската православна црква. Дали од ароганција, или од глупост, таа ги пропушти многуте шанси да ја признае МПЦ како „црква-ќерка“ и така да ја делегитимира засекогаш Егзархијата и да го претстави нејзиното владеењена македонските епархии от по Првата светска војна, па до 1967,како некаква божем легитимна фаза од развојот на православието во Македонија. Од тука, таа е во ситуација да нема добитен потег. Таа може брзо да ја признае МПЦ, но така ќе признае дека „блефот“ на МПЦ со помош на БПЦ успеал. Втората варијанта е да се зарече дека никогаш нема да ја признае МПЦ, но тоа ќе означува бавно и сигурно зближување на МПЦ со БПЦ, нешто добро само по себе, но едвај посакувано од Белград.

Можеше ли бугарскиот  Свет синод да донесе подобра одлука? Можеше, ако во него членуваа луѓе како Иларион Макариополски, Авксентиј Велешки, Паисиј Пловдивски, Методи Кусев и.т.н. Но во сегашните околности, се случи  најдоброто возможно решение!

Општествениот притисок даде резултат!

–––––––––––––

Автор: Николаj Василев-член на раководството на БЗНС и потомок на Екатерина Симитчиева , бугарска учителка родена во Скопjе, деец на ВМОРО и борец за црковна независност во Македониjа


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO