Одлуката на Бугарската Православна Црква да не претставува пред поместните цркви за востановување на канонскиот статус на Македонската Православна Црква е чекор во вистинската насока.
Ова го мислат македонските академици Владо Камбовски и Георги Старделов.
„Многу добар знак е соработката меѓу сестринските цркви, за да може МПЦ да излезе од тоа заточение во кое се наоѓа. Самиот факт дека го прифаќаат нашето барање е само по себе еден вид знак на признание. Не знам дали од канонска гледна точка е најточно, но во секој случај тоа е еден чекор во вистинската насока „, рече Камбовски за време на претставувањето на најновата книга на академик Цветан Грозданов во Македонската академија на науките и уметностите.
„Нашето македонско време е секогаш исполнето со многу противречности, без разлика дали ќе излеземе и сега на правилниот пат – лично се надевам, дека тоа ќе се случи, бидејќи надежта последна умира“, кажа од своја страна Старделов.