Бугарската Влада се очекува да го одобри предлог-меморандумот за разбирање меѓу Министерството за транспорт, информатичка технологија и комуникации на Бугарија и Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија за намалување на меѓународните тарифи за роаминг за телекомуникациски услуги, соопшти БТА.

Бугарскиот министер за транспорт, информатичка технологија и комуникации Ивајло Московски соопшти дека роамингот со Македонија ќе биде укинат за неколку месеци. Претходно, Московски најави дека со потпишување на меморандумот ќе им биде дадено зелено светло на мобилните оператори за намалување на цените на разговорите, на СМС-пораките и на интернетот во телефонскиот сообраќај меѓу двете земји.

Реално е да се очекува укинување на роамингот меѓу Бугарија и западнобалканските држави за време на нејзиното претседавање со ЕУ во првата половина на 2018 година.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO