Неколку часа пред шоуто на брендот во Шангај 36-годишната Алесандра Амбросио објави дека ја завршува својата работа со него. Бразилката објави пред новинарите дека шоуто во кинескиот град ќе биде последното нејзино појавување на модната писта со брендот Victoria’s Secret.

Таа со полно право може да се нарече ветеранката во модата на долна облека. Нејзината работа со брендот започна во 2011 година и продолжи цели 17 години. За овој период бразилската убавица на два пати беше удостоена со честа да го претстави градникот Fantasy Bra, украсен со скапоцени камења и метали.

Сега Амбросио смета да се оддаде на актерска кариера – „ангелот“ на Victoria’s Secret може да се пофали со учеството во 13 филмови, а овој месец беше премиерата на последниот – комедијата Daddy’s Home 2. Покрај тоа Алесандра сака да оддели повеќе време на семејството и воспитувањето на двете деца – 9-годишната Ани и 5-годишниот Ноа.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO