Европската комисија ги објави есенските проекции, според кои се очекува економијата на еврозоната да забележи најбрз пораст во последните 10 години. Економијата на еврозоната забележа значително подобри остварувања во споредба со претходните проекции (поради солидната лична потрошувачка, посилниот глобален економски пораст и пониската невработеност) и за оваа година се прогнозира економски пораст од 2,2 отсто.

Пролетните проекции на ЕК упатуваа на економски пораст од 1,7 отсто, а порастот за 2018 година беше ревидиран од 1,8 на 2,1 отсто. Стапката на инфлација за 2017 година беше ревидирана надолу, од 1,6 на 1,5 отсто, во услови на слаб пораст на платите, додека за 2018 година истата таа беше ревидирана нагоре од 1,3 на 1,4 отсто. Ваквите вести се позитивни и Македонија со оглед на тоа што две третини од вкупната трговија се остварува со европски земји.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO