
Малколм Јанг, еден од основачите на австралиската група AC / DC, почина на 64-годишна возраст, соопшти групата во Фејсбук.
„Денес, со длабока тага, групата AC / DC соопштува дека Малколм Јанг почина“, се вели во текстот.
Според податоците на британскиот весник „Индипендент“, причината за неговата смрт е деменција.
AC / DC беше создадена од браќата Ангус и Малколм Јанг во 1973 година во Сиднеј.
