Канадскиот пејач Шон Мендес стана ѕвездата на церемонијата на врачувањето на европските музички награди на MTV во Лондон. Тој победи во две од најпрестижните категории – онаа за уметник на годината и за песна на годината, изборувајќи се со конкуренција на ѕвезди како Тејлор Свифт, Ед Шијрен и Мајли Сајрес.

Церемонијата во Wembley Hall беше првата во британскиот главен град по 20 години. Нејзин домаќин беше пејачката Рита Ора, а настапи во живо имаа диџеј Дејвит Гета и У2, кои ја освои и наградата „Global Icon“.

Оваа година, за прв пат, европските награди што се одржуваат од 1992 година не беа  разделени по пол.

Мендес, кој има 19 години, ја изведе во живо наградената песна “ There’s Nothing Holding Me Back“. Церемонијата беше отворена од Еминем, кој ја исполни  „Walk on Water“ од новиот албум „Revival“, кој излегува овој петок. Раперот, исто така, ја освои наградата за најдобра хип-хоп награда.

За најдобар поп уметник беше наградена пејачката од кубанско-американско потекло Камила Кабело, а во категоријата за рок освои „Колдплеј“. Дејвид Гета ја освои наградата за електронска музика.

Повеќето победници се избираат преку гласање од фановите преку интернет. Тие избираат победници во 12 категории, а уште 32 различни награди се доделуваат на различни земји и региони.

За најдобро видео наградата му припадна на американскиот рапер Кендрик Ламар за ʺHUMBLE“. Една од ретките избрани од тимот на MTV.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO