Емирејтс Ерлајнс (Emirates), еден од најголемите авиопревозници на Блискиот Исток, потпиша договор за купување на 40 американски авиони Боинг 787-10 Dreamliner. Договорот се проценува на 15,1 милијарди долари.

Шеик Ахмед бин Саид Ал Мактум, извршен директор на Emirates Group , рече дека авионите ќе бидат испорачани во 2022 година.

Според американското Министерство за трговија, зделка на ваква вредност ќе обезбеди повеќе од 75.000 директни и индиректни работни места во САД.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO