Еминем, У2 и Дејвид Гета ќе излезат на сцената во Лондон на церемонијата на врачувањето на наградите MTV Europe Music Awards. Настанот на ѕвездите ќе се одржи вечерва во британскиот главен град за прв пат по повеќе од 20 години.

Британската пејачка Рита Ора ќе биде водителка на церемонијата на Вембли Арена.

Тејлор Свифт се очекува да биде големиот победник на ноќта. Американската поп-сензација беше номинирана во шест категории само два дена по објавувањето на шестиот албум „Репутација“. Сé уште не е сигурно дали ќе биде присутна во живо.

Најпродаваниот рапер Еминем ќе го претстави својот сингл Walk On Water пред да го објави својот најнов албум Revival, кој излегува во петок.

Други номинирани кои можеме да ги видиме на сцената се кубанско-американската артистка Камила Кабело и канадскиот пејач Шон Мендес.

Поголемиот дел од победниците ќе бидат избрани од љубителите на музиката во онлајн гласањето во повеќе од 12 категории.

Создадени во 1994 година, MTV Europe Music Awards се вратија во Лондон за прв пат од 1996 година.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO